17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБуџетот на Сочи достигна 50 милијарди долари

Буџетот на Сочи достигна 50 милијарди долари

oi soci m

Буџетот за Олимпијадата во Сочи е надминат со речиси 40 милијарди долари, тврдат руските медиуми.

Првично, буџетот на најголемиот спортски форум беше помеѓу 10-15 милијарди долари. Се испостави дека сумата е апсурдна и дека се потребни најмалку 50 милијарди долари со цел да се остварат плановите на Путин. Според руската опозиција во не толку важни проекти потонале околу 30 милијарди долари. Таа тврди дека поголемиот дел од сумата отишла кај најблиските пријатели на Владимир Путин.

„Недостатокот на вистинска конкуренција во политичките кланови и суровата цензура врз се што е поврзано со олимписките игри, доведоа до драстичен скок на цените и низок квалитет на работата“, тврди извештај на опозицијата кој беше објавен во текот на оваа година.

Русија одлучи да започне изградба на четири одморалишта во регион „Краснаја полјана“. Помеѓу Сочи и патеките беше обновен пат со должина од 29 километри, кој според првичните планови требаше да чини 4,9 милијарди долари, но цената му достигна 9 милијарди долари. Новинарите проценуваат, дека за овие пари тротоарите можеше да се изработат од подебел слој тартуфи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП