2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХидинк ја превзема Холандија по Мундијалот

Хидинк ја превзема Холандија по Мундијалот

hidink holnd

Гус Хидинк ќе потпише четиригодишен договор со Фудбалската федерација на Холандија, но селектор на националниот тим ќе биде само две години.

Претходно во оваа година 67-годишниот стратег потврди дека бил контактиран од федерацијата на земјата и дека се во преговори. Па така станува јасно дека тој ќе го предводи националниот тим по СП 2014-та, кога истекува договорот на актуелниот селектор Луис ван Гал.

Хидинк сепак ќе биде селектор само до Евро 2016 во Франција, а потоа ќе се пресели во административна власт во федерацијата. Се очекува тој да има одлучувачки збор при одредувањето на следниот национален селектор, кој ќе го подготвува тимот за Светското првенство во 2018 -та година во Русија.

Искусниот Хидинк веќе ја има водено репрезентацијата на Холандија во периодот од 1995-та до 1998-та и ја пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Франција. Потоа тој беше селектор на националните тимови на Република Кореја, Австралија, Русија и Турција. Од февруари 2012-та година до јули 2013-та, тој беше на чело на рускиот клуб Анжи Махачкала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП