3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAнчелоти не го сака Фалкао во Реал

Aнчелоти не го сака Фалкао во Реал

karlo ancelotki

Kарло Анчелоти ги демантираше некои од шпекулациите дека Радамел Фалкао би можел да го засили „кралскиот клуб“, веќе во зимскиот преоден рок.

„Фалкао е фантастичен играч, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, но јас сум задоволен со својот офанзивен кадар. Но, сметам и дека, играч од негов калибар нема да може да се вклопи во моменталниот наш концепт на работа“, истакнува италијанскиот стратег.

Тренерот на Реал Мадрид додаде дека во овој момент неговата екипа постигнува многу погодоци и дека не им се потребни засилувања на оваа позиција во тимот.

Инаку, Колумбиецот летоска од Атлетико Мадрид се пресели во Монако, но на многумина не им се допадна овој негов потег, па шпекулациите за неговата следна дестинација започнаа од првиот момент од кога тој дојде во кнежевството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП