Овен (21.03 – 20.04)
Марс кој владее со вашата астролошка куќа на личности, планетата на страсти и енергичност во Вага во доцните вечерни часови почнува да создава одличен аспект со Месечината во Близнаци што поволно се одразува на претставниците на вашиот знак, особено на оние кои имаат некоја значајна планета во Близнаци. Ќе се чувствувате добро во друштво на Водолија или Близнаци, можно и во друштво на некој Стрелец кој има разбирање за вашето колебање и за некои ваши слабости.
Бик (21.04 – 21.05)
Се обидувате да завршите што повеќе работи, особено кога станува збор за соработка со некој Јарец, Бик или некој Рак. Практичната стана на вашата личност е во прв план и ве прави подготвени максимално да им се посветите на своите интереси. Се плашите дека некој би можел да ви приреди непријатно изненадување кое се однесува на вашите финансии или на вашата работа. Сакате да добиете на време кога станува збор за донесување на некои важни одлуки.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.
Рак (22.06 – 22.07)
Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Шкорпија која често ве критикува.
Лав (23.07 – 22.08)
Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.
Девица (23.08 – 22.09)
Во вас ќе се разбуди натпреварувачкиот дух. Немојте да ги туркате другите за да излезете први. Бидете фер. Но, немојте ни да се прикривате, па некој друг да блесне пред вас. Ќе зрачите со смиреност и ќе ширите спокојство меѓу околните.
Вага (23.09 – 22.10)
Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Возбудени сте затоа што наскоро ќе настапи голема промена во вашиот живот и вие го знаете тоа. Искористете го викендот за да се релаксирате и да размислите сталожено за деталите. Преголемата возбуда може да направи да заборавите некои важни нешта кои го бараат вашето внимание.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Очекувате да се случи нешто интересно на деловен план и да го добиете она што ви припаѓа, без оглед дали станува збор за пари кои некој ви ги должи или за предлог за нова работа. Деловните односи со Стрелец би можеле да бидат подобри ако вие бидете малку потактични. Можна е вест за добивка. Транзитот на Месечината ве прави многу интригантни, никој не може да ве прочита. Многумина ви завидуваат на вашата позиција, а вие сеуште се грижите за финансиите и барате подобро работно место.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова би можел да биде возбудлив ден за оние кои работните обврски не ги завршиле во текот на работните денови, така вашиот ден ќе биде исполнет со гужви, трчаници и борба со времето. Овој период ќе бидете чувствители кога станува збор за работата, мислите дека вашите шефови не го ценат вашиот труд доволно. Штедете пари, наскоро ќе се појави можност за добра инвестиција.