5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи го посакува Коларов?

Наполи го посакува Коларов?

Napoli Kolarov1

Од трката за српскиот репрезентативец се откажа Јувентус, но вниманието кон Александар Коларов го насочи Рафа Бенитез.

Откако ја завршија својата одисеја во Лигата на шампионите, фудбалерите на Наполи своето внимание сега ќе го посветат кон домашното првенство и пласманот на што е можна подобра позиција на табелата.

Со тоа, од Италија пристигнуваат најави дека Наполи ќе биде активен во јануари со цел дополнително да ја освежи својата екипа. Како прво засилување за клубот од Неапол се споменува токму Коларов.

Србинот во последно време не добива многу шанса за настап од тренерот Пелегрини, кој се фокусира на Клиши на позцијата лев бек. Па поради тоа, како излез од оваа ситуација за Коларов се споменува Италија.

Пред се, стануваше збор за Јувентус, но тие информации беа негирани од клубот од Торино. Својата шанса и среќа ќе ја испроба Бенитез, кој најверојатно во јануари ќе испрати официјална понуда за српскиот фудбалер.

Коларов своето име во светот на фудбалот го стекна играјќи во Италија, додека настапуваше во редовите на Лацио, а некои шпекулации тврдат дека тој би сакал да се врати во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП