26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.12.2013

Дневен хороскоп 13.12.2013

horoskopskopskop1

 

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

И се препуштате на фантазијата кога станува збор за некоја нова работа со странци и верувате дека е можно да ги реализирате своите планови, особено со помош на еден Бик, Рак или Стрелец. Некоја Водолија инсистира нешто да направите според нејзиното мислење, но бидејќи таа ви е слабост, таа нема потреба долго да ве убедува, подготвени сте да и излезете во пресрет. Еден Јарец смета на вас и не го нервирајте за да не дојдете до непријатна ситуација кога станува збор за продолжување на соработката.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Потполно ви одговара транзитот на Месечината преку вашиот знак бидејќи во текот на денот прави одличен аспект со Плутон во Јарец, што на претставниците на вашиот знак може одлично да се одрази во вид на многу подобри понуди кои можете да ги очекувате од една Шкорпија, Овен или Вага. Сепак, нема лесно да постигнете договор со оние кои живеат во станство, тие ќе сакаат да ви дадат на знаење дека треба да се согласите со нивните услови.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Насочете се само на една работа и на неа концентрирајте се. Денес ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Повредни сте од кога и да е. Сe што е добро има и лоша страна. Избегнувајте непромислени потези, можни се проблеми. Расправиите ви се на прво место. Со разумни потези ќе го постигнете она што сте го замислиле. Не го пропуштајте овој период на зголемена продуктивност и бидете посветени на работата. Времето за празнување и уживање наскоро ќе започне.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Било какво решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Никој нема да може да ви ја украде насмевката од лицето. Ќе бидете расположени за дружење и забава, па ќе занемарите некои обврски за да си ги исполните желбите. Денес ќе се уверите колку е важно да бидете искрени со луѓето кои сакате засекогаш да останат во вашиот живот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Незадоволството во комуникацијата е последица на вашата наклонетост за докажување и критикување. Себични сте и тоа лошо влијае на вашите блиски. Прифатете ја разликата со околината. Од вас се очекува да се ангажирате бидејќи на повидок е успех.

strelec1

 

Стрелец  (22.11 – 21.12)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Постојано реагирате со бурни реакции за кои немате оправдание. Вклучете ги разумот и комуникацијата во секојдневието. Доколку планирате конкретна акција бидете внимателни некој може непријатно да ве изненади. Преземањето на некаков ризик ќе ви се исплати и на крајот на денот ќе има за што да прославите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Неуморни сте. Се наоѓате во тешка ситуација бидејќи работите по шаблон. Не преоптоварувајте се премногу. Дружете се со оние од кои зрачи позитивна енергија. Смирете се и сфатете дека трудот се исплати. Одредена одлука ќе ја базирате на ваше претчувство и нема да зажалите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП