
По одигрувањето на синоќешните натпревари од 6.коло од групите од Лигата на шампионите познати се сите 16 екипи, кои ќе играат во осминафиналето.


По одигрувањето на синоќешните натпревари од 6.коло од групите од Лигата на шампионите познати се сите 16 екипи, кои ќе играат во осминафиналето.
Последни пласманот го обезбедија: Борусија Дортмунд, Арсенал, Милан, Зенит и Шалке.
Губитник во целата разврска е италијанската екипа Наполи, која и покрај 12.те бода поради послабата гол разлика во дуелите со Борусија Д. и со Арсенал е третопласирана во групата.
Горан Пандев за Наполи синоќа одигра 57 минути против Арсенал, додека Даниел Георгиевски беше дел од Стеауа на гостувањето кај Челзи.
Натпреварот Австрија Виена – Зенит го судеше македонскиот судија Александар Ставрев.
Преглед на резултатите од 6.коло:
Е група: Челзи – Стеауа 1:0, Шалке – Базел 2:0.
Табела: Челзи 12 бода, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3.
Ф група: Олимпик Марсеј – Борусија Дортмунд 1:2, Наполи – Арсенал 2:0.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 12, Наполи 12, Олимпик М. 0.
Г група: Атлетико М – Порто 2:0, Аустрија Виена – Зенит 4:1.
Табела: Атлетико М. 16, Зенит 6, Порто 5, Аустрија 5.
Х група: Милан – Ајакс 0:0, Барселона – Селтик 6:1.
Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3.
Осминафиналисти во Лигата на шампионите се: Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ,
Баерн, Челзи, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Барселона (првопласирани), Баер Л.,
Галатасарај, Олимпијакос, Манчестер Сити, Шалке, Арсенал, Зенит и Милан
(второпласирани).
Третопласираните екипи од групите ќе продолжат во Лига Европа: Шахтјор, Јувентус,
Бенфика, Викторија Плзен, Базел, Наполи, Порто и Ајакс.