5 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 12.12.2013

Техничка анализа EUR/USD 12.12.2013

rrrrrrrrrrrrrr

Како што се движиме кон крајот на 2013-та година, така цената на валутниот пар EUR/USD полека ја достигнува предвидената цел според нашите претходни анализи кон највисокиот врв 1,3830.

Според сите економски и технички показатели за овој квартал од годината може да се рече дека цената на еврото во однос на доларот се движи правилно во нагорен тренд, но сепак со доста лажни шпекулативни обиди за промена на трендот што и е навистина тешко да се реализираат профити на пократки временски периоди. Но како и да е на долг временски период цената на овој пар формира нагорен канал и најверојатно ита кон ново највисоко ниво.

Денес во 10 часот по наше време следи говорот на претседателотн на европската централна банка, Марио Драги, кој при секое излегување во јавност донесува оптимизам кај инвеститорите кој го купуваат еврото и автоматски ја креваат вредноста. Некои позначителни промени за европската економија и не се очекуваат, а оваа година ја заокружуваме со добри економски статистики во еврозоната при производствениот и потрошувачкиот сектор во посилните европски држави, како и најважната статистика на податоци за невработеноста која е значително намалена во еврозоната.

Моментално цената на EUR/USD го допира највисокото ниво за 2013-та година на цена 1,3800, а според линијата на трендот најверојатно ќе следи пробивање на истото ниво со засилен моментум, а денес е тоа можно поради големиот број на објави во САД и говорот на Марио Драги.

Доколку проследиме пробивање над 1,3820 следно ниво на отпор е 1,3958 при фибоначиевото ниво од 127% калкулирано од последниот врв и последното дно формирани од историското движење.

Графички приказ:

eurus

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП