5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез протести и политички пораки на ЗОИ во Сочи, апелира ИОК

Без протести и политички пораки на ЗОИ во Сочи, апелира ИОК

sochi

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе упати писмо до сите спортисти учесници на претстојната Зимска олимпијада во Сочи, со кое ќе ги замоли да се воздржат од евентуални протести и политички пораки.

Оваа порака особено ќе се однесува на евентуалните протести против законите во Русија со кои се забранува пропаганда на нетрадиционалните сексуални односи.

Во меморандумот на ИОК ќе биде нагласено правилото на педесеттата Олимписка повелба, во која е недозволена политичка, религиозна или расна пропаганда на олимписките борилишта, како и на останатите места каде се одржуваат ОИ.

– Се работи за принципи, а главен е принципот за заштита на спортистите од инволвирање во политичките контроверзии, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП