3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако подготвува изненадувачка понуда за Компани

Монако подготвува изненадувачка понуда за Компани

Vincent_Kompany

Француски Монако се подготвува за зимските вложувања, а прва мета според европските медиуми е Винсент Компани.

Капитенот на Манчестер Сити, кој беше еден од најстандардните фудбалери во изминатата сезона, го привлече вниманието на „кнезовите“.

Откако се опорави од повредата поради која подолго време беше надвор од терените, Компани полека се враќа во ритам, а вчерашниот натпревар против Баерн го гледаше од клупата за резервни играчи.

Досегашното неиграње на Компани не влијаеше на Монако, затоа што тие подготвуваат понуда од 17 милиони фунти за играчот на Сити, кој во неколку наврати истакнуваше дека е среќен во клубот и го смета за свој втор дом.

Сепак, останува да се види дали Компани ќе го промени своето мислење, а француските медиуми веќе објавија дека прелиминарните преговори меѓу Монако и агентот на фудбалерот, веќе се започнати.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП