27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни повторно одби да преговара за нов договор

Руни повторно одби да преговара за нов договор

Wayne+Rooney11

Последните обиди на раководството на Манчестер Јунајтед да го убеди Вејн Руни да започне преговори за нов договор, удрија на камен , објави британскиот печат.

Сегашниот договор на ѕвездата на англискиот национален тим со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на следната сезона, но 28- годишниот напаѓач досега цврсто одбива да води дијалог со клубот за оваа тема. Јунајтед има надеж дека Руни ќе се согласи да потпише нов четиригодишен договор.

Според печатот, клубот е подготвен да понуди на Англичанецот неделна плата во износ од 250.000 фунти. Па така Руни би добил неверојатна сума од 52 милиони фунти за новиот четиригодишен престој на „Олд Трафорд“.

Фудбалерот сепак, советуван од својот агент, не брза да започне преговори, бидејќи е запознаен со интересот кон него од страна на конкурентските англиски клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП