Канадската компанија „Dubuc Super Light Car“ ќе пушти на пазарот спортски автомобил, која освен што е многу лесен, ќе е и со прифатлива цена за сите фанови на високите брзини.
Моделот „Tomahawk“ ќе го има своето деби во јануари на авто-саемот во Монтреал. Креаторите на автомобилот тврдат за да се состави мозаикот се потребни околу 250 часа, што е 8 пати побрзо од конкурентните макетни автомобили.
Основниот пакет, кој вклучува нерѓосувачка шасија и рамка, се нуди за 19.995 долари и потребна е само монтажа на механичките компоненти. Според компанијата-производител, вкупниот буџет за составување на „Tomahawk“ е околу 30 илјади долари, а за таа цел можат да се користат делови и од половни автомобили.
Суперлесниот (околу 900 кг) двосед „Tomahawk“ е совршено прилагоден за електричен или бензински мотор.