7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus не планира поевтини премиум модели

Lexus не планира поевтини премиум модели

lexus ct

Од јапонскиот производител на луксузни автомобили велат дека немаат во план на пазарот да понудат прифатливи премиум модели, како што тоа го прават конкурентите од Германија.

„Lexus“, за кој САД претставува најважен пазар, нема да произведува модел кој ќе чини под 30.000 долари, а ова го потврди генералниот менаџер на компанијата во САД, Џеф Бракен.

„Нема да им понудиме на купувачите евтини модели. За такво нешто имаме други брендови, како што се „Toyota“ и „Scion“, објаснува Бракен.

Сепак, тој призна дека стратегијата на „Mercedes“, чии најнов најевтин модел „CLA“ во САД се продава со почетна цена од 29.900 и носи добри резултати на германската компанија.

„„Mercedes CLA“ имаше одличен старт во Америка, а популарноста на овој автомобил се одразува и на зголемената продажба на останатите модели на овој производител“, смета Бракен.

„Mercedes“ од септември од кога „CLA“ се најде на пазарот во САД, заклучно со ноември има продадено 10.828 примероци од ова возило.

Моментално најприфатливиот „Lexus“ на американскиот пазар е моделот „CT 200h“ кој чини 32.960 долари, а во цената се вклучени и трошоците за испораката до купувачот.

Уште една причина поради која „Lexus“ нема во план да понуди автомобил под 30.000 долари, е тоа што компанијата има во план да го задржи имиџот на престижен производител на луксузни автомобили.

„Несакаме да ја промениме сликата и угледот на брендот пред купувачите. „Lexus“ ќе биде фокусиран на поскапите премиум модели, затоа што тие допринесуваат компанијата во јавноста да се доживува како производител на луксузни автомобили“, вели потпретседателот на групацијата „Toyota“ во САД, Боб Картер.

Иако „Mercedes“ засега има само корист од лансирањето на моделот „CLA“ во САД, во „Lexus“ не се сигурни во тоа колку ваквата стратегија е добра на подолг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП