Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се случи разврската во групите А, Б, Ц и Д во кои останати се уште три слободни места за осминафиналната фаза.
Од овие четири групи пласман во следната рунда веќе обезбедија: Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Во А групата за второто слободно место конкурираат Шахтјор и Баер Леверкузен. Во групата Б најблиску до втората позиција е Јувентус, на Галатасарај му е потребна победа против „Старата Дама“, а Копенхаген е само со теоретски шанси.
Од групата Ц патникот вториот патник во осминафиналето ќе се бара меѓу Олимпијакос и Андерлехт.
Двојки за 6.коло и табели:
А група: Манчестер Јунајтед – Шахтјор, Сосиедад – Баер Леверкузен.
Табела: Манчестер Јунајтед 11 бодови, Шахтјор 8, Баер Леверкузен 7, Сосиедад 1.
Б група: Копенхаген – Реал Мадрид, Галатасарај – Јувентус.
Табела: Реал Мадрид 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4.
Ц група: Бенфика – ПСЖ, Олимпијакос – Андерлехт.
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1.
Д група: Баерн Минхен – Манчестер Сити, Викторија Плзењ – ЦСКА Москва.
Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Манчетсер Сити 12, ЦСКА Москва 3, Викторија Плзењ 0.
Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.