3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобен посакува нов договор

Робен посакува нов договор

roben slika

Една од ѕвездите на Баерн Минхен и холандски репрезентативец, Ариен Робен посака нов договор со „баварците“, откако актуелниот договор му истекува во летото 2015-та година.

„Моето семејство се чувствува одлично, се е добро. Нормално е дека човек никогаш не знае што може да се случи во фудбалот, но јас можам да се замислам дека ќе играм тука уште долги години“, изјави крилото на тимот од „Алианц Арена“.

„Во моментов се си одговара, но јас секогаш сум велел дека се чувствувам среќен во Минхен и во Баерн. Горд сум што сум дел од овој тим. Баерн е еден од најдобрите тимови во светот“, додаде 29-годишниот Холанѓанец кој заздравува од повреда на мускулот.

„Среќни сме со Ариен. Дури и покрај тоа што тој треба да отсуствува 6 недели, не го менува нашето мислењето за него. Познати сме со тоа што продолжуваме договори и кога некој фудбалер е повреден“, изјави извршниот директор Карл – Хајнц Румениге, алудирајќи на претходното продолжување на договорот на Холанѓанецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП