20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на Toyota Supra ќе се појави во Детроит!

Наследникот на Toyota Supra ќе се појави во Детроит!

Toyota-Supra

„Toyota Supra“ ужива клутен статус во Јапонија, но и во остатокот на светот, особено од нејзиниот непресушен талент за модифицирање. Меѓутоа, моделот престана да се произведува во 2002-ра година по четири генерации во 24-те години на производство и досега цел свет чека на адекватниот наследник на јапонската компанија.

Индикации за тоа прв пат се појавија во 2007-та година, непосредно пред почетокот на глобалната економска криза, кога „Toyota“ ја прикажа студијата „FT-HS“ со што се најави доаѓање на петтата генерација на „Suprа“. Сепак, на крајот немаше ништо.

Но, „Toyota“ повторно се врати на курсот за претставување на возачки автомобили и производи кои кај возачите ќе будат емоции. По купето „GT86“ сега забрзано се работи и на наследникот на „Suprа“, но и на помалиот модел „MR2“, кој настана во соработка со германскиот производител „BMW“.

Па така од компанијата пристигнуваат информации дека веќе во јануари следната година во Детроит компанијата ќе го прикаже целосно новиот концепт на „Suprа“, но не беа објавени некои посебни информации за овој модел. Се очекува моќ над 400 „коња“ која најверојатно ќе биде добиена со употребата на хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП