2 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi најави нов кросовер купе концепт

Audi најави нов кросовер купе концепт

Audi-crossover-coupe-concept

„Audi“ на саемот за автомобили во Детроит во јануари 2014-та година ќе прикаже концептно возило кое претставува комбинација на кросовер и спортски автомобил.

Покрај цртежот на возилото, „Audi“ објави и неколку информации со напомена дека станува збор за концепт кој во себе ги комбинира визуелните елементи на идните спортски модели на овој производител.

D140001

Автомобилот на цртежот има робусен, спортски изглед и е со три врати. Долг е 4,2 m и има „Quattro“ погон на сите четири тркала.

Со подигнатото растојание од земја и ниската купе силуета, концептот е опремен и со 19 инчни бандажи од лесна легура, како и алуминиумска заштита на подвозјето.

Audi-crossover-coupe-concept1

Ентериерот на автомобилот е во спортски и минималистички манири.

Се претпоставува дека новиот концепт би може да биде вовед во некои од продукциските купе-кросовери кои би конкурирале на моделите како што се „BMW“ „X6“ и „X4“,  за што автомобилските медиуми веќе подолго време говорат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП