11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Мариа се сели во Монако!?

Ди Мариа се сели во Монако!?

anhel di maria

Фудбалерот на Реал Мадрид, Анхел ди Марија и Монако се договориле за трансфер на играчот во редовите на „кнезовите“, пренесува „Marca“.

Според изданието, искусниот Аргентинец на „кралевите“ постигнал договор со амбициозните Французи и ќе премине во „новајлијата“ во Лига 1, уште во јануари. Се тврди дека има принципиелен договор и меѓу двата клуба, а трансферната сума која се споменува е еквивалентна на 35 милиони евра.

Луѓе кои се блиски до тимот од Мадрид откриваат дека поради фактот дека Ди Марија ја позагуби водечката улога во „кралскиот клуб“, па тоа го принудило да побара ново поле за настапи. Покрај тоа, со оглед дека претстои Мундијалот во Бразил, Ди Марија не сака да ризикува и да не биде повикан во селекцијата на Аргентина, поради недостиг на играчки минути.

Истовремено беше откриено дека во Монако се подготвени да му понудат постојано стартното место на Ди Марија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП