5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи подготви понуда за Џексон Мартинез

Наполи подготви понуда за Џексон Мартинез

FBL-POR-SUPERCUP-PORTO-GUIMARAES

Раководството на Наполи е решено во клубот да го доведе напаѓачот на Порто, Џексон Мартинез.

Колумбискиот напаѓач импресионираше со настапот во минатата сезона кога нанижа 34 гола во 43 натпревари и тоа не остана незабележано од најголемите клубови во Европа. Токму поради ова од Наполи ќе побрзаат да бидат понапред од останатите кандидати за неговиот потпис, така што ќе испратат неодолива понуда до шефовите на „змејовите“.

Интерес кон Мартинез пројавуваат уште Челзи, Арсенал и Борусија Дортмунд.

Од Наполи, сепак ќе се обидат да ја надмудрат конкуренцијата, па имаат во план да понудат солидна сума плус халфот Едуардо Варгас, за да ги обезбедат услугите на Мартинез.

Во италијанскиот тим се надеваат тоа ќе биде доволно примамлива понуда со која ќе го убедат раководството на Порто да го пушти Колумбијецот да дојде на „Сан Паоло“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП