14 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСерискиот Ford Ka пристигнува во 2015-та

Серискиот Ford Ka пристигнува во 2015-та

ford ka

Во сенка на премиерата на новиот „Mustang“, „Ford“ го претстави и концептот на моделот „Ka“, визијата на компанијата за глобално, практично мало возило со напредна технологија, со кое имаат во план да го освојат светскиот пазар во 2015-та година.

„Ford“ продаде повеќе од 1.8 милиони примероци на моделот „Ka“ од неговото лансирање во 1996-та година, а главните адути на новата генерација ќе бидат прифатливата цена и малата потрошувачка.

Способен да превезе пет лица, концептот „Ка“ е опремен со технологија која вообичаено се наоѓа во поголемите автомобили.

„MyFord Dock“ база на која се држи и полни мобилниот телефон или навигација, „SYNC“ со гласовна контрола и „AppLink“ кој му овозможува на возачот да активира апликации, да пушта музика или телефонира, а притоа двете раце да му се на управувачот.

Сериската верзија на „Ford Ka“ во продажните салони ширум Европа ќе пристигне во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП