5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Сараево – Конкурентскиот совет на Босна и Херцеговина ја казни „Апатинската пивара“ поради склучување на противзаконски договор со дистрибутерот на нејзини производи на пазарот на БиХ. На „Апатинска пивара“ и е одредена казна од 265.000 конвертибилни марки (околу 132.500 евра).

Загреб – Организирана група на граѓани во Хрватска успеаја по судски пат да ја победат „Ерсте банка“, откако Општинскиот суд во Риека го поништи уписот на банкарските хипотеки на недвижности на 15 риечани, што тиа ги купиле од компанијата „Тињ-Кро“. Сепак, пресудата е неправосилна што укажува дека е завршено само првото полувреме на натпреварот во која од една страна е банката, од друга спорниот инвеститор, а во средина 15 купувачи на станови како колатерални жртви.

Загреб – Министерството за финансии и Даночната управа на Хрватска ќе ги снимаат електронски сите финансиски трансакции, па ќе знаат и колку заработува секој граѓанин. По пат на новиот систем со единствен електронски образец, покрај тоа колку заработува секој граѓанин, ќе се знае и колку секој плаѓа данок. Сите финансиски трансакции ќе бидат снимани на сервери.

Љубљана – Хрватски „Агрокор“ не се откажува од преземање на „Меркатор“, наспроти поинаквите шпекулациите кои резултитаа со пад на вредноста на акциите на словенечиот ланец супермаркети, пишува љубљански „Дневник“. Падот на вредноста на акциите доаѓа во момент кога расте загриженоста дека преземањето на „Меркатор“ нема да се случи. Весникот исто така се прашува, дали „Агрокор“ по неподготвеноста на банките да го финансираат преземањето на „Меркатор“ со речиси половина милијарда евра, сега нашол нова формула да ја реализиара оваа трансакција.

Љубљана – На Словенија најверојатно ќе и требаат дури пет милијарди евра за докапитализација на банките. Словенечките власти сметаат дека со обебзедувањето на таа сума ќе ја избегнат потребата да бараат меѓународна финансиска помош. Словенечката влада не сака да бара помош, а владин прртставник неодамна изјави дека дури и ако трошоците за спас на банките биде 4,6 милијарди евра, тоа нема да значи дека веднаш ќе се бара меѓународна помош.

Москва – Обемот на странски инвестиции во инфраструктурни проекти во Русија ќе достигне околу 10 милијарди долари, вели директорот на Рускиот фонд за инвестиции Кирил Дмитријев. Според него, преговори се водат со австралискиот инвестициски фонд „МекКвори“, арапски инвеститори и канадски фондови, па тие инвестиции наскоро можат да стигнат во Русија. Фондот на директни инвестиции, заедно со странските партнери, планира финансирање на сообраќајни проекти во Москва и Московската област, заобиколници околу градот, изградба на сообраќајни чворови и купување на вагони за московското метро. За секој од тие проекти веќе постојат два до три меѓународни инвеститори, прецизираше Дмитријев.

Пекинг – Народните банки на Кина и на Франција предупредија на опасноста од употребата на виртуелна монета биткоин. По соопштението на француската и на кинеската банка, вредноста на биткоинот падна од 1.070 на 870 долари. Народната банка на Кина ги повика финансиските оператори да не користат биткоин во нивните трансакции, предупредувајќи дека „оваа т.н. монета нема ни легален курс, ниту правосилен статус“.

Вашингтон – Глобалните цени на храната не се менуваа значително во ноември, по растот од претходниот месец, но на годишно ниво опаднаа за 4,4 отсто. Ценовниот индекс ФАО, кој ги мери месечните промени на цените за потрошувачките кошници (житарици, масло за јадење, млечни производи, месо и шеќер) незначително се намали минатиот месец на 206,3 од 206,6 поени во октомври, наведе Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП