30 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.12.2013

Дневен хороскоп 05.12.2013

zodiac111

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Транзитот на Меркур во Стрелец ве прави подготвени за нови работи. Верувате дека можете да се навикнете на новите услови за работа и во тоа ќе ви помогне една Девица, Стрелец или некој со кој правите планови на подолг рок. Бидете реални, бидејќи најверојатно се работи за работа која ќе биде краткорочна, но сепак ќе ви донесе заработка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не би било мудро да навлегувате во расправии со Стрелец или Рак, особено ако немате добри причини а темата се однесува на пари. Имате неколку начини како да пласирате идеи и што побрзо да ги претворите во пари. Ќе добиете повик да се сретнете со некоја Риба или Девица во врска со некоја заедничка работа. Покажувате добра волја да се среди еден многу важен проблем околу кој извесно време сте ангажирани. Може да станува збор за заедничка соработка со некој Рак, Бик или Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Конечно ќе можете да почнете да штедите пари онака како што сте планирале. Не се нервирајте ако не оди се според планот, сега ќе биде подобро, многу подобро отколку во претходниот период. Имате можност за работа со странци или во странство, обидете се да го извлечете максимумот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност во деловните соработки. Штедете ги парите кои во моментов ги поседувате, постои можност наредниот период да биде неповолен за вашата финансиска состојба.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

За успешната соработка заблагодарете се на енормната количина шарм која ви помага да ги совладате сите препреки. Колегите немаат срце да ве одбијат, но внимавјате и не ги искористувајте за да ја работат вашата работа. Имате можност за нова соработка која може да ви донесе поголеми приходи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не се потпирајте на соработниците, тие нема да ви помогнат, обидете се самите да го извлечете максимумот од неповолниот период во кој се наоѓате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес финансиските предизвици на деловен и приватен план ќе ги решавате во стилот на искусен брокер. Денес а и во следните неколку дена како да ви се отвораат некакви финансиски можности, приливи на пари, не за да ве збогатат, но за да ве закрепнат секако. Користете ги контактите од претходно, тие ќе ви помогнат на патот кон успехот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Она што вам може да ви се случува во следните неколку дена се секако задоволствата од некакви ваши активности и напори на јавен план или успеси во работата, кои ќе ве направат задоволни, а притоа ќе имате и значајна финансиска поткрепа или приливи. Штедете пари, ќе ви бидат потребни за некој нов проект во кој ќе сакате да инвестирате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволство комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. Вашите колеги ќе се разочараат од вас и вашиот однос кон новите проекти, бидете подготвени да го поправите тоа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можеби ќе работите некоја работа која вам не ви се допаѓа. Оваа година не можете многу да бирате. Немојте да се нервирате ако мислите дека губите време, бидејќи подобро е да работите нешто отколку да седите дома. Успехот ќе дојде брзо, но само ако се добро испланирате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на декември некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку сте планирале приватен бизнис, сега е можност за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некој нов бизнис. Доколку веќе работите приватно, овој период ќе биде сјаен за вас. Обидете се да ги искористите сите бенефити кои ќе ви бидат понудени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП