3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани и Валенсија се „мамката“ за Снајдер

Нани и Валенсија се „мамката“ за Снајдер

nani valensija

Раководството на англискиот гигант Манчестер Јунајтед е подготвено да предложи двајца свои фудбалери, за во својот состав да ја привлече ѕвездата на Галатасарај, Весли Снајдер.

Според информациите кои пристигнуваат од „Островот“, станува збор за Нани и Антонио Валенсија, кои не импресионира со своите настапи од почетокот на сезоната.

Во исто време од турскиот клуб не сакаат да слушнат за разделба со 29-годишниот холандски репрезентативец за било која сума, но можеби ќе бидат во искушение од можноста во замена да добијат двајца фудбалери на „црвените ѓаволи“.

Внатрешен полудефанзивец ќе биде меѓу приоритетите на Дејвид Мојс за зимска селекција на „Олд Трафорд“. Весли Снајдер беше посакуван од „црвените ѓаволи“ и во текот на летото, но тогаш нивната понуда во износ од 6 милиони фунти беше одбиена од раководството на Галатасарај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП