ПочетнаИНТЕРЕСНОНешто добро од срце: Lazarov Awards оваа година и со хуманитарна мисија

Нешто добро од срце: Lazarov Awards оваа година и со хуманитарна мисија

По успешното прво издание и големата поддршка од публиката, Lazarov Awards оваа година прави чекор повеќе и добива јасна општествено одговорна димензија.

Инспирирани од публиката и нивните сугестии, организаторите ја претворија желбата да се помогне на оние на кои им е најпотребно во конкретен, значаен чин. Така се роди „Нешто добро од срце“, искрена и хумана иницијатива што ја носи топлината и вистинската вредност на ова издание.

Првата акција е за семејството Велковски од Куманово, кое живее во тешки услови и се соочува со социјален ризик. Во нивниот дом моментално нема услови за нормален живот, но постои надеж. На ова четиричлено семејство им е дадено ветување: во рок од 60 дена, нивната куќа ќе биде целосно реновирана и претворена во топол, безбеден и достоинствен дом.

Бране, кој живее со 98% дијагностицирано слепило, заедно со сопругата Тања и нивните деца Алексеј и Лана, конечно ќе добијат шанса за поинакво секојдневие – онакво какво што секое семејство го заслужува.

Зад ова „нешто добро“ стои цела екипа и луѓе со искрена желба да помогнат – Стефан Лазаров, Димитар Атанасовски и Васил Мандаровски – Мандар, заедно со бројни поддржувачи кои се приклучуваат на оваа мисија. Ова е доказ дека кога заедницата се обединува околу вистинска цел, се случуваат реални промени.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП