ПочетнаИНТЕРЕСНОТенисот е спорт за цел живот. Го продолжува животот, ја јакне самодовербата...

Тенисот е спорт за цел живот. Го продолжува животот, ја јакне самодовербата кај децата! Зошто е добро децата да тренираат тенис?

Децата сè почесто избираат да седат пред екран, наместо да спортуваат.Некогаш треба да им се овозможи амбиент за да ги сменат навиките. Едно такво место е тенискиот клуб ABC/Мондано каде љубовта кон движењето и здравите навики сè уште се негуваат со посветеност и искрена енергија.

Зад оваа успешна приказна стојат Андреја Исаиев и Виктор Михајловски, луѓе со спортски дух кои не само што го сакаат тенисот, туку живеат за него. Повеќе од една деценија тие вложуваат труд, време и срце за да создадат средина во која младите ќе растат не само како спортисти, туку и како личности.

За нив, тенисот не е само спортска игра, туку пред се животна лекција за дисциплина, трпение и градење самодоверба. Андреја, како професионален тренер кој секојдневно работи со млади таленти, пренесувајќи им знаење, но и љубов кон спортот. Неговата позитивна енергија е причина многу деца да го засакаат тенисот, и да го практикуваат во континуитет. Од друга страна, Виктор е „невидливата сила“ која го одржува целиот систем. Од организација на тренинзи, преку координација на тимот, до грижа за терените, сè да функционира беспрекорно, благодарение на неговата посветеност.

Она што посебно го издвојува овој клуб е атмосферата. Тука нема притисок, нема наметнати очекувања, само насмевки, поддршка и чувство дека секое дете е на вистинското место. „Важно е децата да сакаат да доаѓаат на тренинг. Ако уживаат, резултатите ќе дојдат сами“, велат тие. И токму така и се случува, од овие терени веќе излегуваат млади тенисери кои се меѓу најдобрите во својата генерација.

Но, успехот за нив не се мери само со медали. Се мери со насмевка по тренинг, со изградена самодоверба и желба повторно да се вратиш на теренот. Во клубот има место за сите, од најмладите кои првпат држат рекет, до рекреативци кои сакаат да избегаат од секојдневието и да направат нешто добро за себе.

Тенисот, како што велат тие, е спорт за цел живот, и можеби токму затоа толку луѓе остануваат верни на него. Не нуди само физичка активност, туку и внатрешен мир и чувство на исполнетост.

АБЦ/Мондано не е само тениски клуб, тоа е место каде започнуваат убави и здрави детски навики кои траат до крај на животот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП