17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдидас ја претстави Бразука (фото+видео)

Адидас ја претстави Бразука (фото+видео)

bazuka

Адидас ја претстави официјалната топка за Светското фудбалско првенство во Бразил, која се нарекува „Бразука“.

Таа е бела со ленти од сина, зелена, портокалова и црна, а тежи помалку од 500 грама. Учество во церемонијата во Рио де Жанеиро зедоа фудбалските легенди, како Кафу и Кларенс Сидорф.

Топката со која ќе се одиграат сите натпревари од Мундијалот следното лето го доби името од често користениот збор од жаргонот за домородното бразилско население.

Во последните две и пол години топката била тестирана од над 600 сегашни и поранешни фудбалери меѓу кои Лионел Меси, Икер Касиљас, Даниел Алвес и Зинедин Зидан. Екипите на Баерн Минхен, Милан, Палмеирас и Флуминензе исто така учествувале во нејзниотот тестирање.

Адидас ќе подари по една „Бразука“ на сите бебиња кои се родиле во Бразил во вторникот кога беше нејзиното претставување.

bazuka1

Традицијата да бидат давани имиња на официјалните топки на светски првенства започнува во Мексико во 1970-та година. Меѓу најзапаметени топки во текот на годините се „Танго“ од Аргентина 1978-та, „Ацтеките“ од Мексико 1986-та и „Џабулани“ од Јужна Африка 2010-та.

На крајот на ноември Адидас го продолжи договорот со ФИФА како еден од главните спонзори на светските првенства во фудбал до 2030-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП