За прв пат во историјата, Европа се соочува со ситуација каде што увозот на кинески автомобили и компоненти го надминува извозот на европски возила во Кина, според студијата на консултантската фирма „EY“.
Во 2025-та година, извозот на автомобили од Европската Унија во Кина се намали за 34% – на 16 милијарди евра. Во исто време, увозот од Кина се зголеми за 8%, достигнувајќи 22 милијарди евра.
Германија е единствениот пазар што е исклучок – таму извозот во Кина сè уште го надминува увозот, но разликата брзо се намалува.
Во 2022-ра година, Германија го снабдуваше кинескиот пазар со автомобили и резервни делови во вредност од 30 милијарди евра, а во 2025-та година овој процент се намали за повеќе од половина на 13,6 милијарди евра. Увозот од Кина се зголеми за две третини во истиот период, достигнувајќи 7,4 милијарди евра.
Според експертите, доколку овој тренд продолжи, увозот и извозот на Германија ќе се изедначат веќе во 2026 година. Во исто време, локалните автомобилски гиганти – „Volkswagen“, „Mercedes-Benz“ и „BMW – сè уште успешно држат позиции на домашниот пазар, каде што конкуренцијата со кинеските производители се интензивира.



