3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветскиот шампион во Бразил ќе добие 40 милиони долари

Светскиот шампион во Бразил ќе добие 40 милиони долари

brazil mudi

40 милиони долари ќе добие светскиот шампион во фудбал на претстојниот Мундијал во Бразил.

Од ФИФА ја кренаа премијата за најдобариот тим во светот за 10 милиони, а вкупниот награден фонд отскокна од 420 на 560 милиони долари. Клубовите кои ќе имаат натпреварувачи на светското првенство, исто така ќе компензираат, бидејќи ќе треба да им дадат подолга пауза на почетокот на сезоната.

Износите ќе треба да бидат потврдени на денешната седница на финансиската комисија на ФИФА. Ждрепката по групи ќе се оддржи во петок од 17 часот по македонско време, по што ќе биде познати и учесниците по групи.

Инаку за потсетување, репрезентацијата на Шпанија ќе ја брани титулата од последниот Мундијал, но овој пат конкуренцијата за освојување на трофејот е многу голем, а меѓу фаворитите е нормално домаќинот Бразил, тука е и Германија, Англија, Италија, но и останатите не се за отпишување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП