18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез се подготвува да пазари во Англија

Бенитез се подготвува да пазари во Англија

rafael-benitez-napoli-boss

Tренерот на Наполи, Рафаел Бенитез, покажа интерес за фудбалери на Челзи и Тотенхем за кои има желба да ги види во своите редови по зимскиот преоден рок.

Шпанскиот тренер е свесен дека во неговиот тим најдобро функционира нападот, па поради тоа сака да ги засили останатите редови во тимот.

Дефанзивецот на Челзи, Цезар Аспиликуета и играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле се наоѓаат во радарот на поранешниот менаџер на Ливерпул.

Наполи е поврзан со неколку фудбалери на позииците на десен бек и централен везен, а сега меѓу нив се најде и двојката од Премиер лигата, а според пишувањата на англиските медиуми, тие се на врвот на листата на желби на Бенитез.

Аспиликуета во последно време често се наоѓа во стартната постава на Челзи, па го промени своето размислување за заминување од клубот, така што изјави дека не сака никаде да замине.

Сепак, Бенитез минатата сезона работеше во Челзи со него, што секако би имало влијание врз неговиот евентуален трансфер во Наполи.

Што се однесува до Дембеле, тој не ја пронајде својата форма од претходно, често се мачи на теренот и можно е Боаш да го пушти доколку биде добра понудата од Наполи.

Во прилог на ова доаѓа и фактот дека Тотенхем има многу квалитетни играчи на средината на теренот, па поради тоа може да се случи трансферот да се реализира во овој преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП