Закажана е спектакуларна боксерска егзибиција помеѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер.
Во декември пишувавме дека борбата помеѓу Фојд Мејведер и Мајк Тајсон е најавена и дека ќе се одржи во Африка.
Тогаш планот беше март, а сега двете страни се согласија за судир на 25 април, во Конго.
Флојд, како и Мајк, рече дека ова ќе биде една од најспектакуларните борби досега бидејќи станува збор за боксери кои се рангирани високо на листата на најдобри на сите времиња.
Тајсон, во своите најдобри денови, би имал огромна предност пред Флојд бидејќи е тешкаш.
Сега, сепак, Тајсон нема предност бидејќи има 59 години и неодамна беше поразен од Јутјубер на егзибиција, но… никогаш не се знае.



