18 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.12.2013

Дневен хороскоп 02.12.2013

horoskopskopskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Ден пред појавата на Месечината во вашето астролошко поле странство, прилично сте возбудени за тоа како ќе се одвиваат понатамошните работи, особено ако од неодамна сте во некоја нова соработка. Меркур е многу предизвикувачки поставен во опозиција со фиксната ѕвезда Алгол, поради што треба многу да внимавате некој да не ве измами, особено личност која е вешта во математика и во ракувањето со пари.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Родените во последната декада треба особено да бидат внимателни во работењето со некои Близнаци, Девица, Шкорпија, бидејќи Меркур, планетата која управува со бизнисот е многу предизвикувачки поставена кон вашето Сонце. Не треба претерано да се возбудувате ако некој ве провоцира за некое ново работно место или за односот со вашите колеги на работа. Некој Јарец ќе ви подаде рака за помирување.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Меркур, владетелот на вашиот знак е изразено силен во финалната фаза на Шкорпија, но сепак внимавајте. Во лош аспект со Нептун може да ви донесе проблеми во комуникацијата со некој кој претходно бил премногу искрен и фер. Обидете се да сторите се што е можно кога станува збор за нова работа, без оглед на тоа што мислите дека никако не можете да излезете од моменталниот ќор-сокак.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Долгите работни часови конечно почнуваат да ви се исплаќаат. Ќе се чувствувате посамоуверено и ќе бидете горди на својот успех. Посегнете по тоа што го сакате, без разлика колку застрашувачки изгледа тоа. Денес ќе бидете интуитивни и елоквентни. Ова е денот кога на најдобар начин можете ја презентирате вашата одлична идеја и кога слободно можете да го грабнете мегафонот за сите да ги слушнат вашите размислувања.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Само разумните одлуки носат поволни решенија. Дисциплинирано ги извршувате обврските. Не ви е тешко да работите, но тешко ја поднесувате деловната соработка. Додека ги работите рутинските работи, сонувате за патувања и заработка на пари. Дружете се со ведри личности, тоа ќе ве релаксира и ќе ви даде мотивација за поголеми цели и поголем профит.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Се наоѓате непосредно пред донесување на важна одлука. Конфузијата ја поминавте. Преземете иницијатива но претходно консултирајте се со вашите соработници, некој Бик ќе ви понуди помош но внимавајте која е цената за таа помош. Побарајте совет од некоја Вага или Лав.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Наредните денови ве очекуваат дополнителни активности, од кои во меѓувреме се одвикнавте. Сето внимание е насочено кон тоа да ги исполните што поодговорно и поуспешно. Деловните обврски ви помагаат да ги санирате финансиските катастрофи кои ви се случија. Во овој период ќе инвестирате во нешто за кое не сте сигурни дека е безбедно, внимавајте на потезите.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Никако да ја донесете правилната одлука и да го решите проблемот. Се е половично, така што сте нерасположени. Се обидувате да најдете вистинско решение но тоа никако да се случи. Внимавајте овој месец сериозно ви се заканува отказ од работа. Побарајте помош од некого да ги совладате проблемите, тоа може да биде некоја Вага.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Периодот е одличен за работа, учење, а лош за соработка. Не се откажувајте од трговијата, склопување договори, книжевна работа и други активности. Знаете што сакате и јасно се стремите кон целта, иако со вас многумина не се сложуваат. Новите деловни потези се придружени со ново вложување. Нема заработка без ризик. Овој пат ризикот е минимален.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Иако е почеток на работната недела, вие се чувствувате уморни. Сепак, соберете ги сите сили и останете продуктивни. Запомнете, без разлика колку бавно напредувате и колку грешки правите, вие секогаш ќе бидете чекор понапред од оние кои воопшто не се обидуваат да мрднат од место. Мотивирајте се, разговарајте со вашите соработници и побарајте поддршка, внимавајте на парите, изгледа дека премногу трошите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП