17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛуис Густаво може да го напушти Волфсбург за 25 милиони евра

Луис Густаво може да го напушти Волфсбург за 25 милиони евра

luis gustavo

На почетокот на сезоната Луис Густаво го напушти тимот на Баерн Минхен и премина во Волфсбург. Трансферната сума од 18 милиони евра, пак, беше рекорд за „волците“.

Договорот на бразилскиот репрезентативец е до 2018-та година, но според германските медиуми е многу малку веројатно тој да го исполни својот договорот до крајот. „Кикер“ откри дека во него има откупна клаузула за ослободување која изнесува 25 милиони евра.

Уште во текот на летото интерес кон Густаво имаше од тимови како Барселона и Арсенал, а едно евентуално подобро претставување на Светското првенство сигурно би ја обновила желбата на европските гиганти да го привлечат во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП