13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОToпџии подгответе се! Венгер го купува Кавани!

Toпџии подгответе се! Венгер го купува Кавани!

New Paris Saint-Germain Forward Edinson Cavani Attends Press Conference

Иако на некои ова им звучи невозможно, но постојат неколку факти дека Арсен Венгер во својот тим ќе го доведе напаѓачот од светска класа, Едисон Кавани!

Ова е уште една одлична вест во најава за навивачите на Арсенал.

По одличниот старт во Премиер лигата и Лигата на шампионите и по доведувњето на Месут Озил на почетокот на оваа сезона, во Арсенал сериозно се разгледува можноста за доведување на уште еден играч од светска класа, но не било кој, туку Едисон Кавани.

Иако е точно дека тој летоска пристигна во Париз, но постојат неколку факти дека Уругваецот ќе го напушти овој клуб веќе во зимскиот преоден рок. Од редовите на „светците“ истакнаа дека три клуба веќе се јавиле за него, а најзаинтересиран од нив е Арсенал, кој многу ја посакува титулата во Премиер лигата, а за тоа им е потребен токму Кавани.

Имено, Кавани не е задоволен од животот во Франција. Сепак, тоа не е основната причина за неговата желба да го напушти клубот.

Кај Лорен Блан тој не игра на својата природна позиција на напаѓач, туку се наоѓа на крилните позиции, кои и не му се многу омилени.

Покрај тоа, во Франција богатите луѓе плаќаат неверојатно голем данок за приход поголем од милион евра годишно. Кавани е опфатен и во овој случај, па поради тоа не е ни чудно што сака да го промени клубот. Овој данок во Франција изнесува 70 проценти.

Од друга страна, Арсенал веќе бара напаѓач кој ќе може да се ротира со Жиру, а сведоци сме на различната политика која ја форсира Арсен Венгер во оваа година, видовме колку пари одвои за Озил.

Единствен проблем би можеле да претставуваат барањата на Кавани кои се однесуваат на платата, затоа што тие воопшто не се мали. Венгер несака да му поднуди толку пари колку што Уругваецот зема во ПСЖ, сепак, го споменавме и данокот во Франција кој ќе си го стори своето и Кавани нема да може да ја зема платата од претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП