27 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го купува Мартинез, без „амин“ од Мурињо!

Челзи го купува Мартинез, без „амин“ од Мурињо!

Jackson+Martinez

Раководството на Челзи води тајни разговори со претставникот на голгетерот на Порто, Џексон Мартинез, тврдат англиските медиуми.

Колумбискиот репрезентативец кој го поврзуваат и со Барселона, би можел да премине на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 30 милиони фунти уште во зимскиот преоден рок.

Агентот на 27-годишниот напаѓач, Енрике Помпеја бил во Лондон и разговарал со Марина Грановскаја, едно од најдоверливите лица на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.

Според одредени португалски изданија, „змејовите“ ќе се обидат да го продадат Мартинез на Челзи зад грбот на Жозе Мурињо, кој инсистира за привлекување на друг Колумбиец и тоа Радамел Фалкао од Монако. Специјалниот го сака Фалкао, бидејќи Челзи ќе може да ги користи неговите услуги за во продолжението од Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП