Фармацевтскиот гигант „GSK“ ги зголеми прогнозите за профитот и продажбата за годината во својот последен квартален извештај со Ема Волмсли како извршен директор, објави „Bloomberg“.
Британскиот производител на лекови очекува заработката по акција да се зголеми на 12% оваа година, во споредба со претходната прогноза од 8%. Во исто време, заработката по акција во третиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите, зголемувајќи се за 11% на 55 пени. Аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ очекуваа ниво од 47 пени.
Акциите на „GSK“ за 27% за годината. Тие ги надминаа конкурентите, вклучувајќи ја и „AstraZeneca“ и другите во оваа година.
Главниот комерцијален директор Лук Милс ќе ја преземе функцијата извршен директор во јануари, соочувајќи се со истиот предизвик како и Волмсли: убедување на инвеститорите дека портфолиото на нови лекови на компанијата може да генерира повеќе од 40 милијарди фунти (53 милијарди долари) продажба до 2031-ва година.
Се очекува портфолиото на специјализирани терапии на „GSK“, вклучувајќи лекови за ХИВ, рак и имунолошки заболувања како што е лупус, да го поттикне растот на компанијата. Лекови како што се „Dovato“ за ХИВ и „Benlysta“ за лупус помогнаа во зголемувањето на продажбата, додека вакцините се покажаа подобро од очекуваното во однос на побарувачката во Европа. Други развивачи како што се „Sanofi“ и „CSL“ предупредија за намалување на стапките на вакцинација во Соединетите Држави.
За разлика од домашниот конкурент „AstraZeneca“, „GSK“ сè уште не склучил договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да го заштити од нови регулативи како што се царините во замена за намалување на цените.
Од „GSK“, исто така, велат дека приходите би можеле да се зголемат до 7%, во споредба со претходната проценка од до 5%. Прогнозата ги вклучува постојните царини, како и потенцијалното влијание на данокот од 15% на САД врз увозот од ЕУ.



