10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМата се согласи за трансфер во ПСЖ

Мата се согласи за трансфер во ПСЖ

mata muri

Раководството на ПСЖ постигна договор со халфот на Челзи, Хуан Мата за трансфер на фудбалерот во редовите на „светците“ во зимскиот преоден рок, информира „Le10sport“.

Според изворот, единствено менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо може да ја спречи зделката да се оствари, бидејќи стратегот се уште ја нема донесено конечната одлука, дали сака да се раздели со 25-годишниот шпански репрезентативец.

Фудбалерот отпадна од првиот состав на Жозе Мурињо во оваа сезона, што го принуди фудбалерот да си бара нов предизвик. Токму ПСЖ е тимот  на кој играчот дал својата согласност.

Интерес кон Хуан Мата пројавуваат уште и Атлетико Мадрид и Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП