27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.11.2013

Дневен хороскоп 28.11.2013

horoskopskopskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Со нагласеност на знаците Вага, Шкорпија и Стрелец окупирани сте со прашања кои се однесуваат на вашата репутација и веројатно ќе имате прилика да разговарате со оние кои можат да ви помогнат да ја постигнете посакуваната цел. Имате потреба да се вратите на голема врата во некоја работа кога би имале почести контакти со лицата на високо ниво или со странци. Имате чувство дека се наоѓате на раскрсница.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

На некого многу ми е важно да ве има во неговата екипа и нема да се двоуми да ја продолжи соработката со вас, дури ни под вашите услови кои воопшто не се минимални. Подготвени сте да се борите за она што го сметате за правилно, а еден Јарец кон вас е многу неправеден. Ако сте разочарани од некоја Вага или Овен, за тоа нема на никого да кажете, ниту на оние во кои имате доверба.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Шкорпија која често ве критикува.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Иако не сте баш синоним за директност во искажувањата, посебно на вистината, која знаете да ја завиткате во нежност, па луѓето не знаат дали сте искрени или се преправате, во следниот период вашата импулсивност ќе биде забележлива, за многумина знак дека нешто ви се случува, иако може и да не е така, комуникативноста доста директна, посебно со личности од деловниот свет. Имате можност за добра соработка.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Денес можеби ќе се соочите со „правдата”, но тоа може и да не е по вас многу пријатно. Внимавајте на конспирациите и тајните кои секако ги имате, а посебно ако се работи за некакви „заговори” во кои учествувате против некого или против нешто, бидејќи имате можности за некакви компромитации, некој „ќе ве предаде” од работната средина. Можни се и некакви санкции, па затоа помислете каде и со кого учествувате во некакви тајни мешаници, бидејќи сето ова ќе се одрази на вашиот профит.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Денес можно е да работите на две работи едновремено, да ја работите својата и да помагате некому во неговата, и тоа да го правите со леснотија, а притоа да имате неверојатна способност за забележување детали, ситници, кои на другите им провлекуваат. Бидете одмерени во своите постапки, ви стои успех на деловен план по контактот кој ќе го остварите со некој близок пријател кој се наоѓа во странство.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Секојдневните обврски ќе ви бидат можеби насочени кон некакво документирање на настаните, пребарување по документи или правење на нови, создавање на извештаи, одлуки, решенија, се во зависност од тоа што работите и кои ви се професионалните активности. Од друга стана можни се и некакви „идеолошки” недоразбирања со претпоставениот, но политиката оставете  ја настрана, особено ако сте од различни политички опции.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Стабилноста е вашата најдоминантна одлика, но влегувате од денес во период кога можете да ги менувате, пречесто за вас, своите одлуки, однесување, мислења и ставови, што за многумина ќе биде изненадувачки, но и неприфатливо, бидејќи сте ги навикнале на друго. Работа што не сте ја поседувале во големи количества е и натпреварувачкиот дух. Никогаш не сте биле за брзина туку за темелност па оваа ненадејна трансформација може и скапо да ве чини, поради избрзани потези и реакции, посебно во деловниот свет.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Поз​на​то е де​ка ра​бо​та​та ви е ед​на од нај​важ​ни​те став​ки во жи​во​тот, па не​рет​ко таа ви е и животот или обратно, овој ден ве очекуваат прек​рас​ни ас​пек​ти кои ќе го забрзаат ва​ши​от реј​тинг, професио​нал​ни​те активности, ус​пеш​нос​та во кариера​та и ра​бо​та​та. Мно​гу по​фал​би на ва​ша смет​ка по​ра​ди ос​тва​ру​ва​ња​та,  посебно на финасиски план. Нор​мал​но, успешнос​та по​го​ле​ма ако ва​ша​та ра​бо​та под​раз​би​ра кон​так​ти и од​но​си со лу​ѓе.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Де​нес мно​гу ад​ми​нис​тра​ци​ја и ад​ми​нис​три​ра​ње, ра​бо​та со до​ку​мен​ти или пот​ре​ба тие да се на​ба​ват. Зна​чи, и мно​гу тр​ча​ње низ ин​сти​ту​ци​и​те, но се​то тоа ќе би​де прос​ле​де​но со мно​гу љу​без​ност, а таа, ка​ко што зна​е​те, от​во​ра и же​лез​на вра​та. Ќе би​де​те за​чу​де​ни ка​ко нас​мев​ка​та и уба​во​то рас​по​ло​же​ние мо​жат да ви овозможат за​вр​шу​ва​ње ра​бо​та она​му ка​де што си​те ве​лат де​ка е не​воз​мож​но. По​ра​ди тоа, ќе се чувс​тву​ва​те при​лич​но уба​во и за​до​вол​но.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Де​нес, мо​же​би, ќе се соз​да​дат ус​ло​ви да ви тре​ба не​как​ва асис​тен​ци​ја или по​мош или не​ко​му да му е потребно тоа од ва​ша стра​на. Иа​ко не​ма​те неш​то мно​гу енер​ги​ја на сво​ја стра​на, ќе помогнете ма​кар и со совет или убав збор, по​фал​ба, љу​без​ност, не​кој си​тен по​да​рок ка​ко знак на внимание. Вашите соработници ќе бидат воодушевени од вас, а вашите ученици ќе сакаат што повеќе да научат од вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП