По одигрувањето на синоќешните натпревари од 5. коло уште три екипи обезбедија пласман во нокаут фазата (осминафинале) во Лигата на шампионите.
Сите три екипи (Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ) остварија победи и им се приклучија на Баерн, Манчестер Сити, Барселона, Атлетико Мадрид и Челзи.
Европскиот првак Баерн остана единствената екипа со максимален учинок во групната фаза со пет победи.
Резултати на синоќешните дуели:
А група: Баер Леверкузен – Манчестер Јунајтед 0:5 и Шахтјор – Реал Сосиедад 4:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 11 бодови, Шахтјор 8, Баер Л. 7, Реал Сосиедад 1.
Б група: Јувентус – Копенхаген 3:1 и Реал Мадрид – Галатасарај 4:1.
Табела: Реал Мадрид 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4.
Ц група: Андерлехт – Бенфика 2:3 и ПСЖ – Олимпијакос 2:1.
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1.
Д група: ЦСКА Москва – Баерн 1:3 и Манчестер Сити – Викторија Плзен 4:2.
Табела: Баерн 15, Манчестер С. 12, ЦСКА Москва 3, Викторија Плзен 0.
Натпреварите од последното 6. коло од групите се игра на 10 и на 11 декември.