3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСериозно се тресе клупата на Боаш!

Сериозно се тресе клупата на Боаш!

André Villas-Boas

Животот без Герет Бејл воопшто не е лесен за Андре Вилаш Боаш, на кој му се заканува отказ по убедливиот пораз од Манчестер Сити.

Тој ја упропасти шансата во Челзи со неколку радикални потези кои немаа покритие кај сопственикот на клубот, тој е на добар пат да ја уништи и шансата во Тотенхем, каде што и покрај големиот број на квалитетни засилувња, овој португалски тренер се мачи на теренот.

Минатата сезона, благодарејќи на фантастичните индивидуални квалитети на Герет Бејл, Тотенхем заврши на петото место на табелата.

Иако во текот на летото тимот од Лондон го продаде својот најдобар играч, а 100 милиони фунти беа потрошени за доведување на алтернативни играчи за Велшанецот.

Сепак, слабите резултати, недостатокот на голови и бодови, кои кулминираа по поразот од Сити, а најмногу однесувањето на Боаш и односот кон навивачите, во последно време има несогласувања со челните луѓе на клубот, јавуваат англиските медиуми.

Лут поради поразот од Вест Хем (3:0 минатиот месец), Даниел Леви сериозно се налути по поразот од „граѓаните“.

Сепак и покрај сите фактори, сериозно се „тресе“ клупата на Боаш, а би можела сериозно да се „лизне“ доколку наредниот викенд екипата не се опорави.

Но, тоа ќе биде многу тешко со оглед дека Тотенхем го дочекува Манчестер Јунајтед.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП