7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го подготвува i5

BMW го подготвува i5

BMWi5

По веста за распродадениот „i8“ „plug-in“ хибрид за 2014-та година, од „BMW“ пристигнуваат гласини дека нивното успешно младо семејство „i“ би можело да добие нов член – „i5“. Според информациите, „BMW“ планира да го прошири електричниот модел „i3“ и од него да направи семеен автомобил „i5“.

„BMW“ веќе ги заштити имињата од „i1“ дo „i8“, па така не треба да не чуди што веќе започнуваат приказните за пристигнувањето на нови модели.

„Autocar“ тврди дека наредниот модел во оваа гама ќе биде „i5“ со дополнителни 100 mm во просторот за задните патници. Не се споменати можностите за исталирање на помоќен агрегат во „i5“, но тоа би требало да се подразбира, затоа што новиот автомобил ќе носи повеќе багаж.

„i3“ има електромотор кој развива 170 ks и 250 Nm вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП