2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиски гиганти во битка за Туран

Англиски гиганти во битка за Туран

arda turannn

Халфот на Атлетико Мадрид, Арда Туран сериозно го привлекол вниманието на англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул, тврдат медиумите од Островот.

Репрезентативецот на Турција неодамна го продолжи договорот со „јорганџиите“, а во него е точно утврден и износот со кој тој може да го напушти клубот. Откупната клаузула изнесува точно 40 милиони евра.

Според информациите, „црвените ѓаволи“ и „црвените“ ќе ги испратат своите понуди за Туран, кои сепак според сумите ќе се доста помали од оние 40 милиони евра колку што бара Ателтико Мадрид.

Менаџерот на фудбалерот Ахмед Булут призна дека не ја исклучува можноста неговиот клиент да се пресели во Англија.

„Трансфер во Премиер лигата би му се допаднал на Арда. Можам да потврдам дека за него има интерес од страна на неколку клуба. Тој би сакал во иднина да се проба во Англија“, изјави агентот на репрезентативецот на Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП