26 јуни, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD

Техничка анализа EUR/USD

oiopoiooi

Проследуваме повторно неизвесна недела на валутниот пазар, а моментално сме точно на средината од неделата и можен ден на пресврти кај некоја од валутите.

Денес во најголем фокус е американскиот долар за кој следуваат мошне важни економски објави во 14:30 часот за податоците на невработеноста кој е и еден од најголемите индикатори за понатамошниот тренд на американскиот долар. Претходните објавени резултати кои се пресметуваат по нови невработени лица за претходниот месец изнесуваа323 000 лица, а најважен фактор е во кој број ќе излезат новите податоци во сооднос на аналитичарите кои предвидуваат зголемен број на невработени лица од 331 000.

Доколку официјалните резултати излезат со поголема бројка од предвидените над 331 000 лица тогаш најверојатно американскиот долар ќе пропадне со што валутниот пар EUR/USD би се искачил  на наредниот отпор на цена 1,3695, а доколку се објават позитивни резултати тогаш веројатно ќе следи скок на доларот а цената на EUR/USD би се спуштила на долната поддршка 1,3460.

Исто така и на техничката анализа може да се види кој се моментални отпори и поддршки и при евентуален пробив на цената над горниот отпор 1,3560 можно е да проследиме праволиниски нагорен тренд до нивото 1,3695, а доколку цената падне под поддршката 1,3550 многу веројатно ќе се спушти до поддршката 1,3460.

Во овој случај доколку сакаме да реализираме евентуални профити мора да се почека до моментот на објавата на податоците во САД или технички да почекаме да се пробие едно од двете нивоа со позасилен моментум во која било насока за да процесираме налог кој е со поголема веројатност за успешна трговија.

Графички приказ:

eurusdh

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП