1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед на секунди од трагедија!!!

Манчестер Јунајтед на секунди од трагедија!!!

man turkis

На секунди од трагедијата! Ова е насловот на „Дејли Стар“ за преживувањето на целата група на Манчестер Јунајтед, која едвај слета на аеродромот во Келн.

Вечерва „црвените ѓаволи“ гостуваат кај Леверкузен во натпревар од Лигата на шампионите.

Пилотот на чартерот на англискиот гигант ја спасил целата ситуација во последен момент. Според информациите во британските медиуми секунди пред да слета на пистата на аеродромот „Аденауер“ пилотот забележал друг авион, а останувале не повеќе од 400 метри од слетувањето. Тој успеал во последен момент повторно да го крене авионот кој ја превезувал делегацијата на Манчестер Јунајтед и слетал безбедно десетина минути подоцна.

„Беше доста застрашувачки“, изјавил очевидец на драматичниот момент.

Рио Фердинанд напиша на „Твитер“:  „Слетавме во Германија … штотуку … едвај успеав да дојдам на себе си по непријатното слетување!“

Непријатниот момент дојде само ден по смртта на Бил Фолкс ( починал на 25 -ти ноември), еден од преживеаните при ужасната трагедија на 6-ти февруари 1958-та година. Тогаш во авионска несреќа загинаа 23 патници, вклучувајќи 8 фудбалери на Манчестер Јунајтед на враќање од Белград. Меѓу оние кои тогаш успеваат да се спасат , се Сер Мет Бизби и Сер Боби Чарлтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП