ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој телефон има најбрз „Wi-Fi“ и најдобри брзини на преземање

Кој телефон има најбрз „Wi-Fi“ и најдобри брзини на преземање

Телефонот што постигнува најбрз „Wi-Fi“ во светот и го зазема првото место пред моделите на „Apple“ и „Samsung“, не е ниту „iPhone“, ниту „Galaxy“ модел.

„Wi-Fi 7“ полека, но сигурно станува стандард меѓу водечките телефони, а брзините на безжичниот пренос на податоци во реалниот свет добиваат сè поголемо значење. Најновиот извештај од „Ookla“, која ја управува платформата „Speedtest“, открива дека серијата „Google Pixel 10“ е моменталниот светски шампион во брзини на преземање преку „Wi-Fi“.

Врз основа на глобалните податоци собрани од 19-ти септември до 29-та октомври, „Pixel 10“ постигнува просек од 335,33 Mbps, победувајќи ја серијата „iPhone 17“ со 329,56 Mbps и моделите „Samsung Galaxy S25“ со 250,83 Mbps.

Преземање преку „Wi-Fi“

Како „Pixel 10“ стана најбрзиот телефон во светот со Wi-Fi преземање.

Во доменот на брзините на пренос на податоци (качување), најдобар резултат постигнува „Xiaomi 15T Pro“, додека „Pixel 10“ е на четвртото место. Серијата „iPhone 17“ го зазема второто место глобално и во преземање и во качување, што ги потврдува неговите одлични вкупни перформанси. Серијата „Samsung S25“, од друга страна, ги бележи најдобрите резултати во областа на стабилноста на конекцијата и најниската мрежна латенција.

Особено внимание се посветува на анализата на новата архитектура на безжичниот чипсет „Apple N1“, која се користи за прв пат во сите модели од серијата „iPhone 17“.

Податоците покажуваат дека овој чип носи до 40 проценти подобри „Wi-Fi“ перформанси во споредба со претходната генерација, што потврдува дека ова е значително подобрување.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП