ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНадела: Имаме чипови за вештачка интелигенција, но немаме доволно струја да ги...

Надела: Имаме чипови за вештачка интелигенција, но немаме доволно струја да ги користиме

Во услови на метеорскиот пораст на вештачката интелигенција, се појавува проблем за кој досега помалку се зборуваше – напојувањето.

Според извештајот на „Zero Hedge“, извршниот директор на „Microsoft“, Сатја Надела, неодамна истакна во разговор со извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, дека најголемиот предизвик за нивната инфраструктура за вештачка интелигенција повеќе не е набавка на чипови, туку обезбедување доволно електрична енергија за нивно работење.

„Најголемиот проблем со кој се соочуваме во моментов не е вишокот компјутерска моќ, туку недостатокот на енергија. Ако не можете да го обезбедите тоа, можете да имате еден куп чипови на залиха што едноставно не можете да ги вклучите. Тоа е всушност мојот проблем денес. Не станува збор за набавка на чипови, туку за тоа што немате центри за податоци подготвени да ги вклучите“, рече Недела.

Изјавата на Надела се однесува на проблемот со недовршените згради на центрите за податоци – празни објекти на кои им недостасува клучна инфраструктура како што се системи за напојување и ладење потребни за масовно работење на графичките процесори (GPU). Овој недостаток на достапна енергија станува сè поголема загриженост во технолошката индустрија, бидејќи компании како „Microsoft“, „Google“ и „OpenAI“ се тркаат да ја прошират својата инфраструктура за вештачка интелигенција.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку производството на енергија и капацитетите на центрите за податоци не се зголемат, индустријата за вештачка интелигенција би можела да се соочи со сериозно забавување, или дури и со корекција на плановите во наредните години.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП