
Овен (21.03 – 20.04)
Имате добар план и стриктно се придржувате до формираниот деловен договор. Емотивната нота која ја чувствувате ве наведува на послободно изразување. Здравјето ви е одлично.

Бик (21.04 – 21.05)
Делувате самоуверено и донесувате блиц проценки. Имате впечаток дека партнерот е пренатрупан со некои случувања за кои не сте доволно известени. Разговарајте со него за тоа што се случува.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Принудени сте да се помирите со одредени услови или случувања кои не се по ваша волја. Доколку занемарите нечии потреби, ќе чувствувате контра ефект. Не им завидувајте на блиските лица.

Рак (22.06 – 22.07)
Многу ситуации на деловна сцена делуваат многу предизвикувачки, но истовремено и поучно. Во љубовта не сакате некој да ве запира при изразувањето на чувствата, ќе ви биде потребен емотивен компас.

Лав (23.07 – 22.08)
Не сакате некој да ви поставува различни услови и да влијае на вашиот деловен ритам. Во љубовта ќе постојат нови емотивни немири, но нема да сакате на никого да му ги доверите проблемите.

Девица (23.08 – 22.09)
Се обидувате да ја насочите вашата околина и нивните барања во правец кој на вас најмногу ви одговара. Во љубовта ќе постојат нови емотивни предизвици кои ќе ве натераат малку повеќе да размислувате.

Вага (23.09 – 22.10)
Сјајно се снаоѓате во новата деловна улога и ви одговара поддршката која ја добивате. Понекогаш е доволно со партнерот само да се погледнете и да се договорите, а некогаш ниту со долги разговори не можете да постигнете договор, без нервози, ќе биде се во ред.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Големата упорност делува како успешна формула во односот со соработниците. Во љубовта одредени околности ќе ве натераат да го промените мислењето, ќе постапите правилно.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку сакате да ги заштитите вашите деловни интереси прифатете нечија асистенција. Во љубовта полесно ќе ви биде некоја одлука или одговорност да му ја препуштите на партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)
Имате позитивен став и оптимистичка визија во поглед на решавањето на деловните дилеми. Во љубовта емотивните проблеми можат да ве наведат на погрешен заклучок. Можни се проблеми со синусите.

Водолија (21.01 – 19.02)
Забележувате дека случувањата на деловна сцена се одвиваат под невообичаени околности. Изворот на позитивна енергија го добивате од своето семејство и од односот со саканото лице. Денот пред вас е убав, затоа уживајте.

Риби (20.02 – 20.03)
Ова не е поволно време да ризикувате многу во работата, туку е поволно време да се повлечете малку настрана од кругот на пријатели. Некој кој ви е многу посветен ќе биде заинтересиран за вашата работа. Подготвени сте да бидете дел од нешто што може всушност да биде нов голем проект.



