2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити ја започна офанзивата за Касилјас!?

Сити ја започна офанзивата за Касилјас!?

ikerco

Манчестер Сити веќе започна да работи на трансферот на Икер Касилјас, пишува весникот „Ас“.

Сопственикот на „граѓаните“ Халифа бин Зајед веќе се сретнал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и двајцата зборувале за идниот трансфер на голманот.

Чилеанскиот стратег ја има изгубено довербата во Џо Харт по неговите неубедливи настапи во последните недели и се надева од следната сезона да го замени англискиот репрезентативец со Касилјас, кого одлично го познава од престојот на „Сантијаго Бернабеу“.

Според „AS“ Пелегрини пред раководството на Сити веќе ја представил листа на голмани кои би потенцијална замена за Харт. Под број 1 во списокот е токму Касилјас, кој и оваа сезона е резерва на Диего Лопез во првенството и игра само во Лигата на Шампионите и Кралскиот куп.

Ако премине во Сити, Касилјас ќе игра под водство на Мануел Пелегрини, со кого работеше во Реал во сезоната 2009-2010. Во Сити исто така играат Шпанците Хави Гарсија, Давид Силва, Алваро Негредо и Хесус Навас, што ќе биде плус за легендата на „кралевите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП