18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБон Џови го купува клубот Бафало Билс?

Бон Џови го купува клубот Бафало Билс?

jon bon jovi

Музичарот Џон Бон Џови е заинтересиран за купување на тимот во американски фудбал „Бафало Билс“, а ова го тврди Џејсон Ла Канфора од „CBSSports.com“.

Тоа значи дека Бон Џови ќе има потреба од партнери, а овие партнери може да се наоѓаат од другата страна на езерото Онтарио во Торонто. Според Ла Канфора, Бон Џови сериозно лобира во НФЛ за да се позиционира како сериозен кандидат за иден сопственик на тимот од лигата.

Тимовите во НФЛ ретко ги менуваат сопствениците и Билс може да е една од ретките можности за купување на клуб. Сегашниот сопственик на тимот Ралф Вилсон има 95 години, а тимот се очекува да биде продаден, откако тој ќе почине.

Гласини има дека Бон Џови може да соработува со „Maple Leaf Sports“ кои се сопственици на хокеарскиот тим од НХЛ, „Тoronto Мaple Leafs“ и на тимот од НБА „Тoronto Raptors“.

Во НФЛ не е дозволено сопствениците на клубови во американскиот фудбал да бидат компании, но „Maple Leaf Sports“ може да соработува со Бон Џови, па така музичарот може да стане сопственик на тимот.

Според Ла Канфора НФЛ сака да го задржи тимот во западен Њујорк, но евентуалната изградба на нов стадион во Торонто може да значи дека повеќето од домашните натпревари ќе се играат во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП