2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоби Брајант останува во ЛА Лејкерси уште две години

Коби Брајант останува во ЛА Лејкерси уште две години

kobebryant

Коби Брајант и во наредните две години ќе биде член на Лос Анџелес Лејкес. Брајант и официјално го продолжи договортот со „Езерџиите„ до 2016 година.

– Ова е голем ден за Лејкерси и сите наши навивачи. Одамна говоровме дека наш приоритет е Коби да ја заврши кариерата во Лејкерси и со овој договор тоа го обезбедивме.

Да играш 20 години во НБА лигата во ист тим е непроценливо. Најважно е дека најдобриот играч на светот
останува со нас, а се надеваме дека ќе ни возврати со одлични игри, изјави генералниот менаџер на Лејкерси, Мич Купчак.

Брајант е дел од Лејкерси од 1996 година и оттогаш со тимот од Лос Анџелес има освоено пет шампиоонски прстени во НБА лигата.

35 годишниот Брајант кој е четврти најдобар стрелец во историјата на НБА во својата богата кариера петнаесет пати беше избиран и во најдобриот „Ол-стар„ тим во лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП