8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФабрегас е новата „мета“ на ПСЖ?

Фабрегас е новата „мета“ на ПСЖ?

fabre psg

Раководството на ПСЖ подготвува сериозна понуда за репрезентативецот на Шпанија и играч на Барселона, Цеск Фабрегас.

Шпанецот беше на чекор од заминување од „Ноу Камп“ за време на летниот преоден рок, затоа што немаше загаранитрано место во поставата на шампионот на Шпанија.

Сепак, работите сега се променија и Фабрегас добива многу повеќе простор оваа сезона, отколку минатата.

Но тоа што Фабрегас не размислува за заминување, сигурно нема да го спречи раководството на актуелниот француски шампион да се обиде да го доведат во Париз.

Според инфромациите од Франција, тренерот на ПСЖ, Лоран Блан е подготвен да понуди помеѓу 45 и 50 милиони фунти за играчот на Барселона.

Но се поставува прашањето, дали Фабрегас би бил заинтересиран да премине во нивните редови, но големите пари честопати се доволен мотив за многуте играчи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП